Бизарен подвиг: Иранците ги отстранија жените од музичките албуми

Иранците повторно направија шовинистички подвиг: ги отстранија лицата на пејачките од нивните албуми.

Погледнете ја галеријата на Bored Panda, за да видите како изгледа тоа.

На музичката страница Melovaz ѝ пречи фактот дека на албумите се прикажани жени, па едноставно решија да ги отстранат.

Наместо ликот на Бијонсе, има лавица. Фотографијата на групата „Little Mix“ е замаглена, а на Лејди Гага барем ѝ е оставен шеширот.