Љубов и секс

Бикот сака стабилност, Скорпијата романтика: Како хороскопот влијае на врските?

4. ноември 2019 - 15:51 | Б.С.Б.

Врските често се комплицирани, а понекогаш за некои работи кои ќе се случат во нив не можеме да пронајдеме конкретно објаснување. Но, можеме да дознаеме какви совети нуди астрологијата за љубвните врски.

Екипата на Business Insider разговараше со астрологот Линда Фуриате, која објасни како секој хороскопски знак влијае на љубовната врска.

1. Овен

Овенот сака да биде главен во врската. Сите личности родени во знакот на Овен имаат силна самодоверба и се спонтани, па една од најдобрите работи, ако сте во врска со Овен, е што никогаш нема да ви биде досадно. Негативната страна на Овните е што никогаш не мируваат. Се им здосадува брзо и секогаш бараат нови предизвици.

2. Бик

Биковите сакаат стабилни и мирни врски. Луѓето родени во овој знак се практични и не сакаат промени. Токму затоа во врска влегуваат полека, за да со текот на времето ја изградат сигурни дека ќе трае.

3. Близнаци

Близнаците не сакат да се врзат. Ова е знак кој често како да има две личности па тешко се поврзува и смирува со нив. Често преферираат симултани врски без многу обврски. Тешко се отвораат во врска, па и многу е тешко да ги запознаете.

4. Рак

Врската со Рак може да биде одлична, еднаш штом се отворат. Ракот е знак кој е тешко да го запознаете бидејќи имаат недостаток на самодоверба и тешко им е да се отворат пред други, особено пред нови луѓе. ако од која било причина изгубат интерес за вас, едноставно ќе се повлечат.

5. Лав

Лавовите имаат силна желба да бидат сакани, обожавани и да им се восхитуваат. Затоа, на Лавовите им е потреба стабилна и долга врска. Кога се работи за романса и љубов, ова е многу дарежлив знак, а Лавот е фиксен знак па затоа е многу лојален на партнерот. Токму затоа понекогаш може да им биде тешко да завршат врска која за нив не е нужно добра.

6. Девица

Девицата е ориентирана на целта и деталите, секогаш тежнее нејзината врска да биде што подобра. Затоа не треба да се лудите ако и нивната врска биде еден од нивните бројни проекти. Преферираат врски во кои со партнерот во хармонија работата на некоја цел.

7. Вага

Ако постои некој знак на кој му е потребна класична романтика, тогаш тоа е Вагата. Има потреба за љубов и романтика, а во врската ги ценат хармонијата и балансот. На Вагите им е важно да им угодат на партнерите, па повремено од нив ги кријат и своите потреби.

Вагата е дарежлива и сака да се поврзе со партнерот на длабоко ниво. За нив споделувањето слични размислувања и мисли е еден вид предигра.

8. Скорпија

Скорпиите се покажуваат како силни во многу подрачја, па затоа не може да не зачуди тоа што сличен настап имаат и во врските. Тие страсно трагаат за романтика и ретко дозволуваат другите да откријат што им лежи на срцето. Сепак успеваат партнерот ним да им се отвори.

9. Стрелец

Стрелците се љубопитни и желни за авантури. Тоа значи дека врската со нив може да биде возбудлива, а партнерот може да има проблем за да го следи низ нив.

10. Јарец

Од сите знаци во Зодијакот, јарецот е најголем планер и стратег. Кога Јарецот ќе влезе во врска, ќе биде целосно посветен. Кон партнерот ќе се однесува со почит, и иако често може да изгледа студено, имаат силна желба за длабока љубов.

11. Водолија

Луѓето родени во овој знак често се тврдоглави и независни. Токму затоа не сакаат обврски, па со нив врската може да биде тешка. Но, ако сте трпеливи, Водолиите се знак за кој вреди да се чека. Иако тешко се менуваат и уште потешко се обврзуваат, ако со некој се поврзат на интелектуално ниво, засекогаш ќе бидат лојални на таа личност.

12. Риби

Рибите се нежен и чувствителен знак, тоа ги прави ранливи во врската. Сакаат длабоко, со целото срце, а тоа ги прави ранливи. Често знаат да се залажуваат дека врската во која се би можела да биде посебна врска која ќе трае.