Од 1 јануари на територијата на српската престолнина стапува на сила закон со кој се забранува издавањето на пластични кеси во продавниците.
Србија реши да се бори против пластиката, а прв почнува главниот град Белград. На денешната седница во Општината беа усвоени измени и дополнувања на постоечките закони за користењето на пластичните кеси кои се користат за пренос на роба во продавниците.
За заменик-градоначалникот Горан Весиќ ова е историска одлука за Белград: „Забраната за употреба на пластичните кеси е една од најважните одлуки кога станува збор за иднината на сите нас бидејќи се потребни 240 години за само една пластична кеса да се разгради“.
Во продавниците ќе биде дозволена употреба на биоразградливи пластични кеси, но само кај деловите со овошје и зеленчук.
И Њујорк најави забрана на пластичните кеси од март или април наредната година.