Фудбал
ЛА ЛИГА 2019/20

Барса ќе игра во нов дрес посветен на Каталонија

12. ноември 2019 - 15:58 | Ф.З.

И фудбалскиот клуб е дел од борбата за независност на Каталонија, а по тој повод претстави и нов дрес кој е целосно во боите на каталонското знаме, познатата Сењера.

Во Шпанија уште траат демонстрациите на каталонскиот народ бој бара независност, а сега борбата се префрла и на зелениот терен.

Клубот Барселона денес го откри својот нов дрес чиј дизајн го промовира каталонизмост, зачувувањето на корените и идентитетот, а скришум ја поддржува и борбата за независност. Клубот никогаш јавно не излегол со став дека е дел од движењето за независност на покорениот каталонски народ, но јавна тајна е дека нема човек во клубот кој не го поддржува тоа.

Не е првпат Барселона да има дрес во боите на Каталонија. Всушност, оваа сезона гостинскиот дрес е токму таков, но на средината има лента со клупските бои за разлика од овој сега кој е целосно каталонски.

Сличен гостински дрес имаше во сезоната 2013/14, исто така имитација на Сењерата.