Фудбал

Бабунски со волеј потсети на старите добри времиња

6. ноември 2019 - 15:48 | Ф.З.

Убав гол со волеј удар денеска на Далечниот Исток постигна Давид Бабунски во победата на неговиот тим во јапонската втора лига.

Некогаш неговите убави голови ги красеа терените ширум Европа, кога настапуваше за вториот тим на Барселона и за македонската репрезентација до 21 година.

Постариот од браќата Бабунски одамна се изгуби во јапонската втора лига, а денес потсети на она што некогаш беше.

Голот по постигна во судиското надополнување за конечни 3:0 во победата дома над Ависпа од Фукуока.

(на 2:12)

Неговиот тим Омија Ардиџа на три кола до крајот е втор и се бори за пласман во првата лига. За Давид ова е четврти гол сезонава, а запиша и две асистенции.