Најмалку четири лица загинаа откако возачот загубил контрола над градскиот автобус во рускиот град Санкт-Петербург, јавува RT.
Надзорна камера го снимила моментот на несреќата, а на снимката се гледа како возачот се мачи да го стави под контрола автобутот, врти полукружно и излетува од мостот Поцелујев во реката Мојка.
Операција за спасување на патниците е во тек и досега потврдени се 4 жртви, а исто толку се во состојба на клиничка смрт. Во автобусот имало 15 лица.
Возачот преживеал и е задржан во полиција.