Концепти

Audi: Ќе покажеме како ќе изгледа автомобил без управувач

14. март 2019 - 16:52 | А.С.

Audi најави премиери на два футуристички концепти за годинава.

На автосалоните во Шангај (16-25 април) и Франкфурт (12-22 септември) ќе даде увид во својот иден дизајн.

„Имаме концепти како што е Q4 e-tron што се горе-долу подготвени за производство, но и автомобили што се 10-15 години пред своето време, како Aicon. Едниот ќе го претставиме во Шангај, а другиот во Франкфурт“, изјави шефот на одделението за дизајн на Audi, Маркл Лихте.

Тој објасни дека E-tron GT и Q4 e-tron покажуваат нова генерација на дизајн што ќе се појави за три години. Меѓутоа, концептот што ќе го промивираат следниот месец во Кина претставува огромен чекор напред.

„Во Шангај ќе ја видите визијата за електричното возило за 10 години од сега. Ќе го видите следниот чекор во дизајнот. Концептот ќе ја покаже и автономијата Level 4 што ќе влијае врз промената на екстериерот. Овој автомобил ќе ви даде идеја како би можело да изгледа внатрешноста на автомобил без управувач“, рече Лихте.