„Aquaman“ премиера: Амбер Херд ѕвезда на црвениот килим

Холивудската актерка Амбер Херд изненади со стајлингот на лондонската премиера на „Aquaman“, носејќи креација на Valentino. Таа беше облечена во долга зелено-златна тоалета на модната куќа Valentino, дополнета со еден помалку необичен моден додаток.

За да го претстави во целост ликот што го толкува во филмот, на црвениот килим се појави со дизајнерска капа за пливање на главата, потпишана од модната куќа Valentino. Иако стајлингот е необичен, на Амбер одлично ѝ стои, во склад со улогата на Мера, кралица на морето.