Apple го напушта Samsung, ќе произведува свои екрани

Технолошкиот гигант развива сопствени екрани, новата технологија ветува.

Судејќи според претходните потези и гласините за идните планови, Apple се движи кон производство на што е можно повеќе компоненти за своите уреди, а се чини дека оваа компанија сега го насочи својот фокус кон производство на сопствени MicroLED екрани. Ваквиот потег ќе му овозможи да ја намали зависноста од други компании, вклучувајќи ги и оние што моментално ги дизајнираат и произведуваат OLED панелите во тековната серија уреди на iPhone.

Според аналитичарот Марк Гурман, Apple веќе пет години работи на развој на сопствени MicroLED екрани, инвестирајќи милијарди долари во тој процес.

Се очекува дека првите плодови од овие напори ќе ги видиме веќе следната година, кога ќе користат сопствени екрани во паметниот часовник Apple Watch, а овој пример ќе го следат и другите производи. Apple се надеваше дека ќе ја донесе технологијата на уреди со голем екран, но високите трошоци и техничките пречки го наведоа да го промени својот првичен план и да се фокусира на паметниот часовник - барем на почетокот.

Ваквиот потег би бил сериозен удар за компаниите како Samsung Display, LG Display и BOE, кои се најголеми производители на дисплеи за уредите на Apple. Колку е важен технолошкиот гигант како партнер на овие компании, најдобро говорат податоците дека Apple учествува со 36% од приходите на LG Display или 6% од приходите на Samsung Display.

Доколку се остварат тврдењата на Гурман, сопствениот екран би бил чекор поблиску до целосна независност од другите компании, а со сличен потег Apple го раскина 15-годишното партнерство со Intel кога се префрли на сопствените чипсети М1 кои работат на нивните компјутери, и пред некој ден дознавме дека Apple работи и на сопствен модем, но и дека развојните проблеми на оваа компонента доведоа до исклучување на серијата уреди iPhone SE.

Важно е да се напомене дека MicroLED не е ист како MiniLED - технологијата на дисплеј што ја користи 12,9-инчниот iPad Pro. Технологијата на која работи Apple сега е многу скапа, но носи неколку предности во однос на OLED, вклучувајќи подобро осветлување и неможност за „врежување“ (burn-in) на статични слики. Сепак, не треба да очекуваме да ја видиме оваа технологија во скоро време. Гурман предупредува дека роковите за 2024 година може да се поместат, па може да се случи да ја видиме на уредите на Apple за само три години.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Вести

Winamp се враќа во полн сјај

Read more

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more
 

Гик

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе