Аpple вчера имаше бурен ден и претстави купче нови уреди. iPhone 11 доби повеќе варијации. Одиме по ред.
Наследникот на iPhone XR се вика iPhone 11. Новиот уред ќе биде достапен во 6 бои, има 6,1 инчен дисплеј и доаѓа со две камери за широкоаголно снимање. Новите камери пружаат поширок распон на опции за снимање видео во 4К при 60 слики во секунда, како и портрет мод за животни (кој не беше достапен во претходната верзија на уредот). Предната камера сега може да снима и 4К видео.
Уредот има нова генерација на процесор A13 Bionic и батерија која ќе пружа еден час повеќе користење во однос на претходникот XR. Телефонот ќе чини 699 долари.
Вториот новитет е уредот iPhone Pro, кој доаѓа во две верзии - 5,8 и 6,5 инчи (iPhone Pro Max) и ќе биде достапен во четири бои (сива, златна, темно зелена и црна). Батеријата му трае 4, односно 5 часа повее од претходната генерација и конечно доаѓа со полнач од 12 V.
iPhone 11 Pro доаѓа со телефото објектив, широкоаголен објектив и ултра широк објектив.
iPhone 11 Pro ќе чини 999 долари, а iPhone 11 Pro Max ќе чини 1.099 долари.
Уредите се достапни за нарачка уште веднаш, а испораката започнува од 20-ти септември.