КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2020

Англија, Турција, Франција и Чешка се пласираа на ЕУРО

Четири нови учеснички на завршницата од Европското првенство се познати по синоќешните натпревари.

Група А

Англија немаше апсолутно никакви проблеми со репрезентацијата на Црна Гора и со стил обездеби пласман на ЕУРО. Англичаните уште на полувреме водеа со 5:0, а до крајот само ги понижија немоќните Црногорци победувајќи со 7:0.

Англија - Црна Гора 7:0
11' Алекс Окслејд-Чејмбрлејн, 19', 24', 37' Хари Кејн, 30' Маркус Рашфорд, 66' (аг) Александар Шофранац, 84' Теми Ејбрахам

Во Плзењ интересен и неизвесен натпревар одиграа Чешка и Косово кој директно одлучуваше која репрезентација ќе се пласира како втора од групата. Косово поведе преку Нухиу пет минути во вториот дел најавувајќи сензација, но потоа Чесите имаа фуриозни неколку минути и дојдоа до пресврт благодарение на головите на Крал и Челустка. Оваа победа за Чешка значеше пласман на ЕУРО на коло до крајот, а за Косово  дека шансата ќе ја бараат преку баражот и тоа против Македонија.

Чешка - Косово 2:1
71' Алекс Крал, 79' Ондреј Челустка - 50' Атде Нухиу

табела:
1. Англија 18
2. Чешка 15

3. Косово 11
4. Црна Гора 3
5. Бугарија 3

Наредно коло: Косово - Англија и Бегарија - Чешка.

Група Б

Портигалија очекувано ја прегази слабата Литванија во натпревар во кој Роналдо прослави хет-трик. И покрај високата победа „Морепловците“ сѐ уште не се пласирани, но се очекува тоа да го сторат во последното коло кога играат со Луксембург.

Португалија - Литванија 6:0
7' (пен), 22', 65' Кристијано Роналдо, 52' Пици, 56' Гонсалу Пасиенсија, 63' Бернарду Силва

Србија ја оствари потребната победа иако дозволи пред сопствените гледачи да прими два гола од Луксембург. Во последното коло на Србите им треба победа над веќе пласираната Украина за да ја престигнат Португалија кој им бега само бод, но исто така ќе се молат на чудо бидејќи Роналдо и дружината не смеат да го совладаат Луксембург.

Србија - Луксембург 3:2
11', 43' Александар Митровиќ, 70' Немања Радоњиќ - 54' Жерсон Родригеш, 75' Давид Турпел

табела:
1. Украина 19
2. Португалија 14
3. Србија 13
4. Луксембург 4
5. Литванија 1

Наредно коло: Србија - Украина и Луксембург - Португалија.

Група Х

Турците го освоија потребниот бод против Исланд и прославија пласман на ЕУРО. Во истовреме ѝ направија услуга и на Франција бидејќи Исланд како единствен конкурент мораше да оствари победа.

Турција - Исланд 0:0

Со голот на дефанзивецот Раца уште во 9-тата минута Молдавците најавија изненадување на гости кај светскиот шампион. Французите ја контролираа играта и напаѓаа цело време, но се мачеа да го совладаат голманот Алексеј Кошелев.  Варан израмни пред полувремето кога судијата одлучи да не досуди фаул над молдавскиот голман, а победничкиот гол дојде од белата точка преку Жиру десетина минути пред крајот.

Франција - Молдавија 2:1
35' Рафаел Варан, 79' (пен) Оливје Жиру - 9' Вадим Раца

Вистинска сензација приреди Андора која остана непоразена на гости кај Албанија. Домаќините по само шест минути игра поведоа, но потоа на сцена стапи дефанзивецот Мартинес киј со два гола донесе пресврт и водство на Андора. Манај израмни а 2:2, а потоа Албанија не успеа да постигне победнички гол по што Андора дојде до прв бод на гости по оние 0:0 кај Латвија лани во септември.

Албанија - Андора 2:2
6' Беким Балај, 55' Реј Манај - 18', 48' Кристијан Мартинес

табела:
1. Франција 22
2. Турција 20

3. Исланд 16
4. Албанија 13
5. Андора 4
6. Молдавија 3

Наредно коло: Албанија - Франција, Андора - Турција и Молдавија - Исланд.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе