КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2020

Ангеловски: Мотивирани сме за повторно да ги израдуваме нашите навивачи

Утре од 20.45 часот на „Тоше Проески“ стадионот во Скопје репрезентацијата на Македонија со дуел против Израел ќе затвори уште еден циклус на квалификациите.

„Одлично се познаваме со Израел, игравме и во минатите квалификации. Секој меч е посебен, но јасно е дека нивни главни адути се напаѓачите, пред сè Захави и Дабур. Нападот им е доста опасен, но како тим имаат и свои слабости, кои ние ќе се обидеме да ги искористиме“, вели селекторот Игор Ангеловски.

Досега со Израел сме одиграле 6 натпревари и имаме само една победа и едно реми со 4 порази. Но, на последните два натпревара, кои патем ги игравме на гости, токму на нив останавме непоразени.

„Кога игра репрезентацијата сакаме поддршка, на последните натпревари имавме полни трибини, а фудбалерите вратија на најдобар начин. Подготвени сме и мотивирани повторно да ги израдуваме нашите навивачи“.

Селекторот со право бара повторно од навивачите да дојдат на Националната Арена. Репрезентацијата можеби не успеа да се пласира на ЕУРО преку овие квалификации, но може да оствари највисок пласман досега бидејќи никогаш не сме биле погоре од третото место. за тоа ни треба победа над Израел.

„За нас не постои притисок за да го освоиме третото место, туку ние на таа шанса гледаме како мотив. Овие фудбалери за сето тоа што го покажаа во овие квалификации заслужија да завршат како трети. Ние одиме на победа, а колку ќе биде доволно ќе видиме“, заврши Ангеловски.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе