Филм & ТВ

Анџелина Џоли се жали дека Бред Пит не плаќа доволно алиментација

8. август 2018 - 9:55 | А.С.

Анџелина Џоли го обвинува поранешниот сопруг Бред Пир дека не плаќа доволно финансиска поддршка за децата, како најнова етапа во нивната долга бракоразводна постапка.

Адвокатите на 43-годишната актерка и режисерка вчера поднесоа документи во кои тврдат дека 54-годишниот актер не плаќал „значителна“ алиментација за децата во изминативе 18 месеци.

„Заклучно со денеска, Пит нема платено значителна финансиска помош за децата од разводот“, стои во документите што ги поднесе адвокатката на Џоли, Саманта Блеј Деџин.

Џоли вели дека нејзиниот поранешен сопруг не си ги исполнил неформално договорените финансиски обврски и мора да си ги побара парите по судски пат.

Во документите не е наведено што се подразбира под „значителна сума“, а уште нема одговор од адвокатите на Пит.

Во текот на денот, портпаролката на Џоли даде изјава за People во која објасни дека ѕвездата побарала исплата на алиментацијата „за да може да се заокружи бракот на начин што ќе им овозможи расчистување на патот кон следната фаза од нивните животи и исто така ќе им овозможи на двајцата да се посветат на заедничко воспитување на децата како засебни родители.“

Во документите исто така се бара разводот за да се финализира годинава, од што може да се заклучи дека на Џоли ѝ се брза да го стави бракот зад себе.

Се проценува дека Џоли има богатство од 160 милиони долари. Celebrity Net Worth во 2014 година ја рангираше на 74. место на листата, а според истата листа Пит вреди 240 милиони долари.

Поминаа речиси две години откако двојката соопшти дека се разделува. Џоли поднесе барање за развод во септември, 2916 година, како причина наведувајќи „непомирливи разлики“.

Џоли и Пит имаат шест деца заедно: Медокс (16), Пакс (14), Захара (13), Шајло (12) и 10-годишните близнаци Вивиен и Нокс.