Чек дис аут

Американски против советски тенк, кој ќе победи?

7. ноември 2019 - 15:11 | Ф.З.

Јутјуберите Atmosferci од Словенија организираа трка помеѓу три тенка, два советски и еден американски за да откријат кој ќе победи. И открија.

Се натпреваруваа советските T-55 и T-34 и американскиот M36 Jackson. Секој од тројцата Словенци предводеше еден од овие џинови, а видеото ќе ви покаже кој тенк се покажа најбрз, советски или американски?

Тенкот T-55 се произведуваше од 1949 сѐ до 1981 во СССР како и одреден период во Полска и Чехословачка. Тежи 36 тони, долг е 9 метри, широк 3,37, а висок 2,4 метри. Може да собере 4 особи.

Моделот T-34 беше главното оружје на Советите против СС единиците на Хитлер за време на Втората светска војна. Токму во годините на војната и се произведуваше во СССР, од 1940 до 1945, а во 50-тите и во Полска и Чехословачка. Тежи 26,5 тони, долг е 6,68 метри, широк 3, висок 2,45, а собира четворица.

Американците го произведуваа M36 Јackson за потребите во Втората светска војна во 1944 и 1945 година произведувајќи 2.324 вакви тенкови. Тежи 28,6 тони, долг е 7,47 метри, широк  3,05, висок 3,28 и собира петторица. Масовно го користела и поранешната ЈНА.