Хроника

Албански државјани фатени со 50 килограми марихуана на „Богородица“

6. октомври 2019 - 16:09 | МИА

Гевгелија, 6 октомври 2019 (МИА) – На граничниот премин „Богородица“ претпладнево кај патници биле откриени 50 килограми марихуана.

При контрола на патничко возило „опел мерива“ со албанска национална ознака, управувано од А.M.(44), а сопатник бил А.M.(18), двајцата од Република Албанија, во посебен бункер, граничните служби откриле повеќе пакувања марихуана со тежина од околу 50 килограми, информира МВР.

Лицата и возилото биле преземени од Одделението за истраги при Царинската управа на Р.С. Македонија.