Адреналински двобој: Дали велосипедот може да биде побрз од рели автомобил?

Вечното прашање гласи: Кој е побрз, возилото со четири или со две тркала? Одговор ќе се обидат да ни дадат Андре Лакондеги и Дани Сордо, кои со рели автомобил и велосипед се тркаа на патеката на ридот Луз во Португалија.

Дани Сордо е WRC возач и на прв поглед неговиот автомобил Hyundai i20 WRC требаше да биде доминантен во однос на велосипедот на Андре Лакондеги. Но, трката се покажа како неизвесна а двата возачи ги демонстрираа нивните вештини со возилата кои ги управуваа.