A1 Citycarver – најмалиот кросовер во понудата на Audi

Audi следниот месец ќе почне со продажба на новиот кросовер модел A1 Citycarver. Најмалиот кросовер во понудата на германскиот автомобилски гигант одлично се снаоѓа низ град и на отворен пат, а и погрубите терени не му се голема пречка.

Заснован на моделот A1 Sportback, Citycarver е долг 4,04 метри и се очекува да има опции за трицилиндарски и четирицилиндарски турбобензински мотори. Цените за Citycarver уште не се познати.