9 октомври 1967, убиен е Че Гевара

Утрото претходниот ден специјалните сили на Боливија извршиле офанзива врз герилскиот камп на Че Гевара при што го раниле па го заробиле Кубанецот.

Наредниот ден боливискиот претседател Рене Бариентос издал наредба Че Гевара да биде егзекутиран и покрај тоа што САД барале да биде екстрадиран. Марио Теран, 27-годишен војник чии тројца соборци претходно загинале во борбите со герилците на Че, се пријавил да ја изврши егзекуцијата.

Гевара бил фатен благодарение на Феликс Родригес, Кубанец во егзил кој соработувал со ЦИА, како и на нацистичкиот воен злосторник Клаус Барби (познат како „Касапот од Лион“) кој бегајќи од судење живееше во Боливија под друго име.