8 октомври 1956, перфектната игра на Дон Ларсен

Единствената перфектна игра направена во натпревар од Светската серија во бејсбол се случи на денешен ден на натпреварот помеѓу Њујорк Јенкис и Бруклин Доџерс.

Петтата партија беше во тек кога фрлачот Дон Ларсен ги елиминираше сите 27 удирачи од противничкиот тим со вкупно 97 фрлања за 7 ининзи. Во историјата успешно се направени уште 22 други перфектни игри, но никогаш во натпревар од Светската серија.

Ларсен денес има 90 години и е единствениот сѐ уште жив од тој натпревар од двете екипи.