7 ноември 1917, избувна Октомвриската револуција во Русија

Предводени од Владимир Ленин и Лав Троцки, заедно со меншевиците, левите социјалисти и анархистите, болшевиците успеале да ја симнат привремената влада и вовеле еднопартиска комунистичка власт.

Револуцијата избила во Петроград кој болшевиците потоа го нарекле Ленинград. Денес се вика Санкт Петербург.

Наречена е Октомвриска бидејќи избувнала на 25 октомври според стариот календар. Позната е и како Болшевичка револуција, Црвен октомври и Октомвриско востание.