6 ноември 1860, Абрахам Линколн стана 16-ти претседател на САД

Благодарение на гласачите од Северот и Западот, Линколн станал 16-тиот претседател на Соединетите Американски Држави и тоа прв од Републиканската партија.

Линколн освоил 1.866.452 гласови или вкупно 39,8 проценти и победил во изборот во кој учествувале и Џон Брекинриџ (18,1%), Џон Бел (12,6%) и Стивен Даглас (29.5%).

Во јужните држави каде сѐ уште владеело ропството Линколн поминал многу лошо. Од тамошните 996 окружи победил само во 2. Со Линколн почнува подемот на Републиканската партија која потоа ќе даде уште 18 други претседатели меѓу кои и денешниот Доналд Трамп.

Линколн потоа и по втор пат бил избран, но не го истерал до крај мандатот бидејќи починал ден по атентатот извршен на 14 април 1865 година.