5 октомври 1975, родена е оскаровката Кејт Винслет

Холивудската актерка Кејт Елизабет е родена на 5 октомври 1975 година.

Актерката родум од Ридинг, Англија е добитничка на Оскар, Еми награда, четири Златни глобуси, Греми награда, БИФА награда и три БАФТА награди. Таа седум пати била номинирана за Оскар, и е една од ретките актерки кои имаат добиено три од големите четири американски награди (Оскар, Еми, Греми или Тони награда). Покрај тоа, таа три пати била добитник на наградата на Здружението на филмски глумци и е добитник на почесна награда Цезар за исклучителни филмски достигнувања во 2012 година.

Светска слава стекна со епската романса „Titanic“ (1997), филм со највисока заработка на сите времиња во тој момент. Во 2008 година, критичарот Дејвид Еделстајн ја опиша како „најдобрата филмска актерка од англиско говорно подрачје на нејзината генерација“.

Меѓу нејзините најдобри актерски остварувања се вбројуваат улогите во: „The Reader“ (2008), „Little Children“ (2006), „Eternal Sunshine of the Spotless Mind“ (2004), „Finding Neverland“ (2004), „Revolutionary Road“ (2008), „Iris“ (2001) и „Sense and Sensibility“ (1995).