5 ноември 1492, Колумбо ја откри пченката

Морепловецот Кристофер Колумбо во својот дневник запишал дека на денешен ден пронашол „едно вкусно растение од кое живеат луѓето“. Тоа била пченката која потоа се пренела и во Европа.

Пченката почнала да се одгледува во Мексико од каде се раширила низ Северна и Јужна Америка. По доаѓањето на Шпанците, народот Таино, кој ги населувал Карибите, бил оној кој на Колумбо му ја покажал пченката. На нивниот јазик пченката ја викале mahiz па оттаму доаѓа и шпанскиот збор maíz, а на англиски maize или corn.

Пченката и денес најмногу се консумира на американскиот континент, особено во Мексико.