4 ноември 1944, ослободувањето на Битола

На денешен ден во 1944 година борците од 49-тата дивизија на НОВ и ПО победосно маршираа низ Битола откако го ослободија градот од преостанатата германска војска.

По капитулацијата на Бугарија, во Битола и околината останале само Германците кои не можеле да издржат под налетот на македонските борци во чии редови влегувале Седмата битолска бригада, Битолско-преспанскиот партизански одред и Леринско-костурската бригада. Преку селата Крклино, Могила од една и Кравари, Бистрица и Породон од друга, македонските борци им нанеле тешки загуби на Германците кои се разбегале кон Грција и Албанија по што утрото на 4 ноември биле поздравени низ улиците на ослободениот град.

Околу 270 борци ги положиле животите за слободата на Битола.

Фото: Сојуз на Борците од НОАБМ и Македонија е сѐ