30 ноември 1874, роден е Винстон Черчил

Роден е Винстон Ленард Спенсер-Черчил, британски државник и писател. Како офицер се борел од 1897 до 1898 година во колониите Индија и Судан, потоа станал државен потсекретар на колониите, министер за трговија и за внатрешни работи и прв лорд на Адмиралитетот.

Во најтешките денови за Англија, во Втората светска војна, бил претседател на владата и водач на Конзервативната партија. Заедно со Сталин и Рузвелт дал решавачки придонес за победата над фашизмот и над силите на Оската.

Негови познати дела се: „The Second World War“, „My African Journey“, „The World Crisis“ и други. Во 1953 година ја добил Нобеловата награда за литература. Починал на 24 октомври 1965 година на 90 години.