23 август, денот кога е погубен шкотскиот херој Вилијам Волас

На денешен ден во 1305 година Англичаните крвнички го погубиле борецот за слобода на Шкотска, витезот Вилијам Волас.

Волас во 1297 ги победил Англичаните во славната битка кај Стирлинг Бриџ иако водел далеку помалубројна војска. Наредната година кралот Едвард повел одмазднички поход во ослободената Шкотска и повторно со пробројна војска овој пат го победил Волас во битката кај Фалкирк.

Но, Волас бил заробен тек на 5 август 1305 година и на 23 истиот месец крвнички мачен и погубен кај Лондонската кула.

Филмот Braveheart од 1995 со Мел Гибсон во главната улога го екранизираше ликот на Вилијам Волас давајќи му вечна слава.