19 октомври 1954, Британските трупи се повлекоа од зоната на Суецкиот канал

Во 1954 е склучен англо-египетскиот договор за повлекување на британските трупи од зоната на Суецкиот канал во рок од 20 месеци.

Суецкиот Канал е вештачки канал долг 163 километри меѓу Средоземното и Црвеното Море, кој ги разделува африканскиот од азискиот континент.

Тој е најблиската поморска врска меѓу западната и источната полутопка. Големата стратешка важност на Суецкиот Канал за Западот станува уште појасна ако се земе предвид најважниот танкерски воден пат за снабдување на Европа со блискоисточна нафта.