16 октомври 1946, егзекутирани првите нацистички осуденици

Десет еминентни политички и воени лица од нацистичката партија на Германија на денешен ден беа егзекутирани со бесење по одлука на  Судот во Нирберг поради злосторства против човештвото.

Бесењата беа изведени од Наредникот Џон К. Вудс и воениот полицаец Џозеф Малта, двајцата Американци. Поради грешка во должињата на јажињата, осудениците наместо со инстантна смрт со кршење на вратот умирале во получасовна агонија со давење.

Иако воените лица традиционалната биле егзекутирани со стрелање, било одлучено да се изврши бесење бидејќи со постапките кои ги направиле осудениците не заслужиле да добијат достоинствена смрт.