12 ноември 1996, смртоносен судир над индиското небо
Летот 763 на Saudi Arabian Airlines и летот 1907 на Kazakhstan Airlines се судриле над Индија при што загинале 349 лица, што претставува трета најсмртоносна авионска несреќа во историјата на воздухопловството.
Истрагата покажала дека виновник бил казахстанскиот авион тип Ильюшин Ил-76 кој летал од казахстанскиот град Шимкент до Њу Делхи. Наместо да лета на височина од 4.600 метри тој се спуштил повеќе од 300 метри и налетал на саудискиот авион Boeing 747-168B кој штотуку полетал од Њу Делхи кон Дахран во Саудиска Арабија. Проблемот бил што казахстанските пилоти инструкциите од кулата ги добивале во стапки и милји, а биле научени на метри и километри.
Опашката на казахстанскиот авион удрила во левото крило на саудискиот авион предизвикувајќи драстична штета на двата авиона кои повеќе не можеле да се контролираат.
Несреќата е позната како Чархи Дадри, според селото над чие небо се случил судирот.