11 октомври 1941, почеток на НОБ во Македонија
За почеток на востанието против фашистичката окупација во Македонија се смета нападот кој Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ го извршил во Прилеп на 11 октомври 1941 година. Во нападот учествувале 16 партизани распределени во три групи. Првата ја нападнала бугарската полициска станица, втората затворот, а третата имала задача да ги прекине телефонските врски и електричната инсталација.
Со тоа официјално почнала борбата за ослободување на Македонија од наци-фашистичката окупација од Бугарија, Италија и Германија која траела сѐ до крајот на 1944 година кога завршила со ослободувањето на Тетово на 19 ноември.