10 септември, враќањето на „Герника“ во Шпанија

Најпозната слика на Пабло Пикасо е вратена во Шпанија на денешен ден во 1981 година и тоа по негов аманет да се врати откако земјата ќе стане демократија.

Сликата „Герника“ го претставува нацистичкото бомбардирање на баскискиот град Герника по наредба на генералот Франсиско Франко за време на граѓанската војна во Шпанија.

Бидејќи повеќето мажи биле отидени на фронтовите, градот го бранеле нивните жени и деца, што и е претставено на сликата висока 3,49 метри и широка 7,76.

Пикасо ја насликал во 1937 година во Париз, а од 1939 била изложена во Њујорк. Самиот сликар наредил да не се носи во Шпанија сѐ додека земјата не се ослободи од дикаторот Франко и не стане демократија што конечно се случило по смртта на Франко во 1975.