10 октомври 1913, пробиен е Панамскиот Канал

Американскиот претседател Вудро Вилсон со испраќање на телеграма од Белата куќа даде наредба со експлозија да се разнесе насипот Гамбоа со што водите на Атлантскиот и Тихиот Океан на денешен ден со споија преку Панамскиот канал.

Првиот пловен објект кој го минал Каналот беше пловниот кран Alexandre La Valley. Изградбата беше завршена во 1914 кога и официјално Каналот беше пуштен во употреба за бродови.

Први да го пробиваат каналот почнале Французите во 1881 година, но престанале во 1894 кога компанијата ангажирана за изградба банкротирала. Американците го преземале проектот во 1904.