1 декември 1935, роден е Вуди Ален

Во Бруклин, Њујорк е роден американскиот филмски актер и режисер Ален Стјуарт Конигсберг, познат како Вуди Ален, обновувач на холивудската филмска комедија во седумдесеттите години од 20-тиот век.

На 17 години си го сменил името во Хејвуд Ален и станал познат како Вуди. Почнал со пишување комедии и бил стенд-ап комичар, а потоа преку театарски претстави стигнал до филмската индустрија.

Според него, најдобри филмови му се Annie Hall (1977), Manhattan (1979), Stardust Memories (1980), The Purple Rose of Cairo (1985), Hannah and Her Sisters (1986), Crimes and Misdemeanors (1989), Match Point (2005) and Midnight in Paris (2011).